Џеј-Ди Венс: Израел не врши геноцид, но сликите на децата кои страдаат во Газа се потресни
Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс ги отфрли обвинувањата дека Израел врши геноцид во Газа, но изрази жалење што на некои луѓе во неговите редови им недостасува хуманост и не го гледаат моменталното страдање на Палестинците во разурнатата енклава од војната, објавија денеска израелските медиуми.
„Ги гледам тие видеа, тие слики и тие се срцепарателни“, рече Венс во подкастот на комичарот Тео Вон, кој тој го опиша како „ужасна“ снимка од Газа.
Американскиот потпретседател рече дека неговата земја се обидува да реши два проблема – од една страна се невините Палестинци, а од друга страна невините израелски заложници, кои, како што истакна, се вклучени во страшното насилство кое продолжува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…
Американските воени подготовки се во тек во…
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…
Се проверува авион од Израел на аеродромот…
Авион од Израел слетал во Софија и…