Животот поскапел за 3,3% – храната и угостителството најмногу ги зголемиле цените

t

По неколку месеци релативна ценовна стабилност, инфлацијата во Македонија повторно забрзува. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, во мај 2025 година годишната инфлација изнесува 3,3 проценти, што е значително зголемување во однос на април, кога беше на ниво од 2,6 проценти.

Најголемиот удар врз џебот на граѓаните го задаваат ресторани и хотели, каде цените се зголемени за 7,8 проценти во однос на истиот месец лани. Веднаш зад нив е категоријата храна и безалкохолни пијалаци, која бележи годишен раст од 4,1 проценти.

Во месечна споредба, инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај, споредено со април, изнесува 1,5 проценти. Ова е највисока месечна стапка за оваа година.

Од друга страна, цените во транспортот се намалени за 3,6 проценти, што е единствената ставка со поголем пад, додека ресторани и хотели имаат симболично намалување од 0,2 проценти на месечно ниво. Цените за комуникации се снижени за 0,1 процент, а трошоците за образование остануваат непроменети.

Кога се следи индексот на цените на мало, тој во мај 2025 година е повисок за 1,6 проценти во однос на мај 2024 година. Посебно загрижувачко е зголемувањето на цените кај земјоделските производи за 7,6 проценти, а следуваат прехранбените производи со раст од 5,3 проценти, и индустриско-прехранбените со 4,5 проценти.

Индексот на цените на мало во мај во споредба со април достигна 100,2, што укажува на постепен раст во повеќето категории производи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри,…

Преспанското Езеро на 7 септември имало 53…

Трамп: Путин сака договор за завршување на…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…

Лавров по инцидентот со авионот на Зеленски:…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Трамп поделил големи бонуси за свои помошници,…

Претседателот на САД, Доналд Трамп им подари…

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ

СДС го проби дното и ги нарече…