Oдамна не прошетаа: Трајков ќе учествува на 9-та Меѓународна научна конференција за ЕУ и компаративното право во Дубровник

t

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков ќе учествува на 9-та Меѓународна научна конференција за прашања и предизвици од областа на ЕУ и компаративното право „Силна и безбедна Европа: Правни и Економски аспекти“ која во наредните два дена ќе се одржи во Дубровник.

На конференцијата, заменик-министерката Трајков ќе има свое обраќање на тема „Македонија на патот кон членството во ЕУ-предизвици и перспективи“.

Деветтата Меѓународна научна конференција за прашања и предизвици од областа на ЕУ и компаративното право е во организација на Универзитетот „Јосип Јурај Штросмајер“ во Осијек.

Меѓународната научна конференција „Прашања и предизвици на ЕУ и компаративното право (ECLIC)“ ги разгледува правните и економските аспекти на членството во ЕУ преку мултидисциплинарен пристап, особено во однос на актуелните прашања за институционалната поставеност на ЕУ, законодавната рамка и влијанието на правото на ЕУ врз различните правни области на земјите-членки, како и економските предизвици со кои се соочуваат Унијата и земјите-членки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина и Русија покажале „мала флексибилност“ за…

Украина и Русија во неформални разговори покажале…

Тешко повредена 17-годишна девојка во Тетово, откако…

17-годишна девојка од Косово е тешко повредена…

Бесплатен интернет на 72 локации во 64…

Вкупно 72 локации во 64 општини низ…

Кристи Мекормик е предложена за нова амбасадорка…

Претседателот на САД – Доналд Трамп ја…

ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…

Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…