Јаневска: Економијата добро се движи, верувам дека дел од иселените ќе се вратат
Минатата година недостасуваа 17 илјади ученици и студенти кои се иселени во последните 7 години, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.
„Секако дека е огромна бројката, еве правиме сѐ што е можно за да ги задржиме. Она што е до областа на образованието. Секако дека и другите ресори прават сѐ што е потребно за да се обидеме на некој начин да барем во почетокот да ја намалиме оваа бројка, а потоа ако може и да ја стопираме.
Искрено се надеваме дека ако успееме да направиме сѐ што беше во предизборната програма, можеби дел од населението, ќе почне да се враќа во Македонија. Ако обезбедиме услови, а јас верувам дека и ќе обезбедиме. Подобрата економија е секогаш голем предизвик за луѓето што се наоѓаат во странство, без оглед колку е добро таму. Сите сакаат да бидат дома, доколку имаат услови за пристоен живот. Гледате економијата сега засега добро се движи и ако продолжи со ист правец верувам дека после краток број на години дел од нив ќе почнат да се враќаат“, рече министерката по прес-конференција на која зборуваше за набавка на нови учебници.
Центарот за граѓански комуникации лани објави анализа за намалување на бројот на ученици во основното и во средното образование. За една декада, бројот на ученици е помал за 27.000, според податоците на анализата на невладината организација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јаневска: Економијата добро се движи, верувам дека…
Минатата година недостасуваа 17 илјади ученици и…
Започна полагањето на државната матура – Јаневска…
Петнаесет илјади матуранти денес полагаа испит по…
Од кумановските основни и средни училишта во…
Во првото полугодие од учебната година, 174…
Страшни прогнози на „Фридрих Еберт“: Околу 42…
Од сите земји на Југоисточна Европа, најмногу…
Егзодус и во Албанија, луѓето масовно ја…
Албанија продолжува да се соочува со масовен…