Славески ви порача да работите по 2-3 работи ако сакате да преживеете: Не е срамота да се работи дополнителна работа за минимална плата, и јас работев во САД во супермаркет!

t

Новиот Гувернер на Народната Банка, Трајко Славески во емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21 истакна дека се извртело значењето на минималната плата.

Според него, таа не гарантирала дека може да се издржува 4-члено семејство.

„Го извртевме значењето на минималната плата, во светот таа не гарантира дека може да се издржува 4-члено семејство. Јас сум работел за минимална плата во САД, во Бостон, во супермаркет додека студирав. Се знае каков стандард можете да обезбедите со тоа, и тие што земаат минимална плата работат по 2-3 работи. Би порачал во одреден период во животот, тоа не е срамота, како дополнителна работа може да работи за минимална плата, но трудете се никогаш повеќе, според своите квалификации, да не се најдете во ситуација да барате минимална плата“, вели Славески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Треба да се задолжам за да…

Бујар Османи, министерот за надворешни работи и…

Владата е од друга планета?! Народот мака…

Мерките на Владата даваат позитивни резултати за…

Дали е сериозен? Ковачевски: Таму каде што…

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека таму каде…

Димовски: Да им се помогне на работниците…

Претседателот на Сојузот на Синдикати на Македонија,…