Арсовска: Додека Обвинителството се мисли дали да постапи за Висар Ганиу, тој си брише докази!
*Објава на Фејсбук на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска:
Висар Ганиу фатен со криминално легализирање дивоградби со фалсификат, за што документи се доставени до обвинителство и има изјави кои сведочат за начинот на кој ги спроведувал овие незаконски постапки, институциите уште се мислат кога да ПОЧНАТ да постапуваат.
Во меѓувреме Висар си брише имотни листови од Катастар, замислете овие луѓе кои до вчера имале имот, денес немаат, поради неговите фалсификати.
![]()
Фалсификатот го запишувал во Катастар на 20.03.2025 година сред денови на жалост за трагедијата во Кочани, користејќи период кога мислел дека нема никој да примети што прави.
1. Барање за упис во катастар
2. Решение за упис во катастар со фалсификат документи
3. Барање за бришење имотен лист од катастар
4. Решение за бришење да може да го уништи досието со фалсификатите
5. Катастар за 24 часа го брише досието со што директно овозможува да можат да се уништат докази за делото
Зошто само 2% доверба имаат граѓаните во правосудството?
Во моментов во затвор лежат луѓе за влез во Собранието на 27 април и за 100 ќебапи. Таму се постапило веднаш!
Во Чаир кај Висар Ганиу ќе влезат да обезбедат докази за некоја година, нека троши кеш и нека ужива до тогаш!
ЛИНК од објавата и документите
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…
Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…
Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…
На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…
(Видео) Арсовска: Можат да ме прават агент…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во…
(Видео) Арсовска до Шилегов: Кој губи има…
Во денешната епизода на “Наше Скопје”, градоначалничката…
Отворена првата Правна клиника во Средното училиште…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска…