Објавено на:

Израел го нападна Иран – цел на нападот се нуклеарни постојки, погодени се и цивилни објекти

t

Израел изврши серија напади врз Иран рано утринава, околу 3 часот по локално време. Иако израелските власти соопштија дека целта на нападите биле нуклеарни и воени објекти, медиумите во Иран јавуваат дека се погодени и станбени области во главниот град Техеран, а оти меѓу убиените има и цивили, вклучително и деца.

Првичните извештаи сугерираат дека со израелскиот напад му е нанесен значаен удар на Иран, а во десетиците напади низ целата земја се убиени неколку високи ирански воени личности и нуклеарни научници.

Според иранските државни медиуми, во нападите загинаа Хосеин Салами – врховен командант на Исламската револуционерна гарда, Голамали Рашид – командант на централниот штаб на Катам-ал Анбија, Ферејдун Абаси – нуклеарен научник и поранешен претседател на Иранската организација за атомска енергија и Мохамед Багери – началник на Генералштабот на вооружените сили на Иран.

По масовниот напад на Иран, израелските власти прогласи вонредна состојба, оценувајќи дека земјата очекува контранапади многу скоро. Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, ги повика граѓаните да ги следат упатствата на властите, додавајќи дека можеби ќе мора да останат во заштитени подрачја подолг временски период.

Иранското министерство за надворешни работи апелира до земјите ширум светот да ги осудат нападите на Израел, оценувајќи дека со нив глобалната безбедност се изложува на невидена закана.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека однапред бил свесен за плановите до Израел, но рече дека американската војска немала никаква врска во операцијата врз Иран. Изрази надеж дека Иран ќе продолжи со преговорите со САД за ограничување на неговата нуклеарна програма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…

НАТО се откажа од одржувањето на самитот…

Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…

Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…

Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…

Во просториите на Општина Тетово се одржа…

ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…

Пријавени се проблеми во работењето на услугите…

Израел ќе се приклучи на нападите врз…

Израелската армија проценила дека во моментов нема…