Го забележале кога разменувал девизи во Куманово – го следеле и го удриле во глава, па додека бил онесвестен му ги земале парите!
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик.
На 10 јуни, двајцата соизвршители одзеле пари од човек кој забележале дека разменува девизи. Го следеле и кога наближил кон неговата семејна куќа го удриле со тупаница по главата. Кога оштетениот паднал онесвестен му одзеле 172.000 денари и 37.460 српски динари, па веднаш избегале.
По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка определи мерка притвор во траење од 30 дена за двајцата осомничени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…
Мерц се закани дека ќе го блокира…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…