Бугарскиот пратеник Манол Пејков објави извештај за сработеното и донираното за настраданите од трагедијата во Кочани
Бугарскиот пратеник Манол Пејков, преку социјалната мрежа Facebook објави нов извештај поврзан со собраните и распределени средства за жртвите од трагедијата во дискотеката во Кочани на 16 март 2025 г. Потсетуваме дека средствата беа собрани од донаторите на неговата фондација „Манол Пејков и пријатели“
Во апелот што го објави само денови по несреќата, фондацијата успеа да мобилизира 624 донатори и да собере вкупно 77.357 лева и 40 стотинки, односно околу 39.952 евра.
Само една седмица подоцна, по теренска посета на Кочани заедно со неговиот соработник Чило Попов и во координација со локалната граѓанска иницијатива „Support Kocani“, беа идентификувани 18 семејства во особено тешка состојба. Секоe од нив добило директна финансиска поддршка од 1.500 евра (вкупно 27.000 евра).
Во мај 2025, фондацијата добила ново известување од „Support Kocani“ за младо момче сериозно повредено во трагедијата, кое се враќа дома по двомесечно лекување во Бугарија и Скопје. На неговата лична сметка биле префрлени 2.000 евра за адаптација на животниот простор со потребни медицински и други помагала.
На 11 јуни, следувала уште една иницијатива – донација од 150 пакувања на специјален гел за лекување изгореници (Кело-кот), кој е недостапен на македонскиот пазар. Препаратот бил обезбеден од Бугарија по намалена цена од 46,90 лв. по пакување, со вкупна вредност од 7.035 лева.
Претставниците на фондацијата, Манол Пејков и Чило Попов, лично ја предале донацијата во Амбасадата на Северна Македонија во Софија. Амбасадорката Агнеза Руси Поповска ја примила донацијата и се заблагодарила за искрената поддршка, ветувајќи дека лекот ќе биде дистрибуиран до оние на кои им е најпотребен во рок од една недела.
„Во ваше лице имаме пријатели за цел живот“, порачала таа.
Финансиски извештај до 14 јуни 2025:
Вкупно собрани: 77.357 лева (прибл. 39.952 евра)
Досега распределено:
27.000 евра за 18 семејства
2.000 евра за адаптација на домот на еден повреден
7.035 лева за медицински препарати
Преостанати средства: 14.385 лева и 66 стотинки (прибл. 7.355 евра), стои во извештајот на Пејков.
„Огромна благодарност за поддршката и довербата“, напиша Пејков во својата објава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…
Прекината истрагата за Панчо од ДНК
Обвинение за 34 физички и три правни…