Објавено на:

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу Израел и Иран – Откажани се иранско-американските нуклеарни преговори

t

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон со американскиот претседател Доналд Трамп и го информирашл за неговите разговори со лидерите на Израел и Иран, изјавил помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

„Фокусот беше ставен на опасната ескалација на Блискиот Исток. Владимир Путин ја осуди воената операција на Израел против Иран и изрази сериозна загриженост за потенцијалната ескалација на конфликтот, што би имало непредвидливи последици за целиот регион на Блискиот Исток“, изјавил Ушаков пред новинарите.

Путин потсетил дека пред ескалацијата, руската страна предложила конкретни чекори насочени кон постигнување меѓусебно прифатливи договори меѓу САД и Иран.

Трамп му рекол на Путин дека американските преговарачи се подготвени да ги продолжат разговорите со иранските претставници.

„Од своја страна, Трамп ја оцени ситуацијата како многу загрижувачка и ја призна ефикасноста на израелските напади врз објектите во Иран“, вели Ушаков.

Лидерите разговарале и за разговорите меѓу Русија и Украина во Истанбул на 2 јуни и за спроведувањето на договорот за размена на тела на паднати војници и затвореници.

Рускиот претседател истакнал дека Москва е подготвена да ги продолжи преговорите со украинската страна.

„Руската страна изрази подготвеност да ги продолжи преговорите со Украинците по 22 јуни. Доналд Трамп ја зеде предвид оваа информација и го повтори својот интерес за што поскоро завршување на конфликтот“, посочил Ушаков.

Рускиот претседател му го честитал на Трамп 79-тиот роденден.

Лидерите уште еднаш го истакнале братскиот дух на двете земји за време на Втората светска војна и изразиле задоволство од односите што ги имаат, кои овозможуваат решавање на актуелните прашања.

Разговорот траел 50 минути.

Нуклеарните разговори меѓу Иран и САД закажани за недела во главниот град на Оман, Мускат, се откажани, изјави министерот за надворешни работи на Оман, Бадр Албусаиди, во соопштение на „X“ во саботата.

„Преговорите меѓу САД и Иран во Мускат нема да се одржат оваа недела. Но, дипломатијата и дијалогот остануваат единствениот пат кон траен мир“, напиша Албусаиди.

Министерот за надворешни работи на Иран претходно изјави дека неговата влада не гледа смисла во продолжувањето на преговорите по големиот напад врз нуклеарните постројки на Иран, изјавија воени лидери и врвни научници рано во петокот.

Вашингтон и Техеран преговараат за контроверзната нуклеарна програма на Иран околу два месеци. Оман посредува во преговорите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

„Или сте со нас, или против нас“…

Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…

Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…

Вкупно 757 американски војници се ранети од…

Америка крие тела на четири вида вонземјани,…

Научник, кој со децении работел со програмата…

Израел: „Ердоган ја намамува Турција во опасни…

Израел испрати ново остро предупредување до Турција,…