ИДФ: Израел продолжува со нападите врз Иран, досега се погодени повеќе од 150 цели
Израел продолжува да извршува обемни напади врз Иран, а досега се погодени повеќе од 150 цели, изјави денес портпаролот на израелската војска Ефи Дефрин.
„Серијата напади не запира речиси 40 часа и вклучува повеќе од 150 цели. „Фокусот на нападите во последните 24 часа е Техеран“, додаде тој.
Дефрин рече дека израелските воздухопловни сили бомбардирале подземно складиште за оружје во западен Иран, објави „Тајмс оф Израел“.
Според израелската војска, Иран го користел местото за складирање на десетици балистички и крстосувачки ракети, како и за лансирање на тоа оружје, а израелските авиони го погодиле подземното место заедно со лансерите.
„Локацијата претходно беше откриена во пропагандно видео објавено од иранскиот режим“, соопшти ИДФ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел го уби шефот за финансии на…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…
Иран само во септември заработил повеќе од…
Приходите на Иран од продажба на нафта…
Иран тврди дека сè уште ја контролира…
Иран ја задржува иницијативата во Ормускиот теснец,…
Стотици илјади Иранци изразија подготвеност да се…
Стоици илјади Иранци денеска учествуваа на владиниот…
Кац: Израелската армија е подготвена да ја…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…