СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски и Јанев, актуелната власт е виновна за Кочани

t

Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски се обидуваа да прикажат дека нема одговорност кај актуелната власт, под силен притисок од СДСМ и јавноста, ОЈО ГОКК се одважи да покрене постапки против актуелните началници од МВР, вели на прес-конференција, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.

– Намерата на ВМРО-ДПМНЕ беше јасна – да се амнестираат од одговорност сите, со цел таа да не стигне до директорот на БЈБ Александар Јанев и до Тошковски.

Сега, откако е јасно дека директната одговорност е во МВР и кај актуелната власт, оставки и кривична одговорност за врвот на МВР мора да има.

Александар Јанев, по закон и хиерархија е кривично одговорен, а Тошковски ја сноси целата политичка и морална одговорност и затоа треба да поднесе оставка. Двајцата мора итно да се повлечат, поради влијанието што го имаа врз истрагата досега и поради тоа што можат да влијаат врз процесот што следува.

Правда за родителите нема да има, сè додека нема целосна одговорност за сите инволвирани.

СДСМ нема да престане да ја бара правдата до крај!

Го повикуваме ОЈО ГОКК и ОЈО да не калкулираат со одговорноста на Јанев и Тошковски. Сега работата е чиста и јасна – итно мора да се покренат постапки против врвот во МВР, вели Илиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„50 пати на улица и во судница,…

Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…

Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…

Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…

Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…

Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…

Можете да ја одложувате правдата, но не…

Родителите на загинатите млади во пожарот во…

ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…

МВР информира дека вчера попладне во 12:45…