Објавено на:

Ѓоковиќ се сели во Грција!

t

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, ќе живее во Атина со своето семејство од септември. Според грчките медиуми, Ѓоковиќ имал средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, на кого му ја презентирал идејата за преселба.

Според медиумските извештаи, Ѓоковиќ и неговото семејство ќе се преселат во Атина по овогодинешниот УС Опен.

„Сопственикот на 24 трофеи од Гренд слем дојде во Грција со сопругата Јелена со намера да остане таму. Идејата се родила од фактот дека тој барал училиште на англиски јазик за своите деца, а се сретнал и со премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис. Мицотакис му дал „ОК“ и се чини дека Ѓоковиќ и неговото семејство ќе се населат во Грција по УС Опен во септември“, беше објаснето.

Се додава и дека по Ролан Гарос, Ѓоковиќ заминал на одмор во Атина и дека тој и неговата сопруга Јелена посетиле дестинации во северниот дел на градот. Спортските фанови, особено кошаркарските фанови, се сеќаваат на неговата посета на Атина во 2017 година, на кошаркарскиот клуб Олимпијакос во Пиреја, каде што присуствуваше на збогувањето со големиот Душан Дуде Ивковиќ и по тој повод доби низа подароци. Вклучувајќи го и дресот на домашната екипа, кој му го подарија сопствениците, браќата Ангелопулос.

Во раните фази од својата кариера, Новак Ѓоковиќ живееше со години во Кнежевството Монако, каде што се чувствува како дома и го посетува стадионот на локалниот фудбалски гигант. Постојат познати слики од него како вози велосипед од својот стан до тенискиот комплекс каде што се игра познатиот Мастерс во Монте Карло. Од 2020 година, Новак Ѓоковиќ и неговото семејство поседуваат и куќа во Марбеља – вила за која наводно платил 10 милиони долари и која се простира на повеќе од 1.000 квадратни метри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ново разочарување: Ѓоковиќ елиминиран на стартот и…

Новак Ѓоковиќ продолжува со лошата форма на…

„Е*ем ти тенис“: Ѓоковиќ пцуеше, Мареј чудно…

Најдобриот тенисер на денешницата, Србинот Новак Ѓоковиќ,…

Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…

Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…

ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…

Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…