Најчевска за Славески: Ги мразам ликовите кои од позиција на моќ газат се пред себе

t

Поранешната професорка и граѓанска активистка, Мирјана Најчевска ја коментираше денешната објава на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески дека е цел на говор на омраза на социјалните мрежи поради спроведување на непопуларни потези, кои отпосле, како што вели, се покажале за исправни.

„Секој кретен на висока функција има неверојатна моќ за апсорбирање омраза. Без тоа нема да може да лаже и краде во неверојатен обем. Тоа во народот се вика дебелокожец. Трајко е во ова на ниво на носорог. Тој ги убедува луѓето дека да бидеш роб е највисоко достигнување на современата демократија и око не му трепнува при тоа. Да, јас ги мразам ликовите како Трајко Славевски кои од позиција на моќ газат се пред себе“, порача Најчевска во објава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ