Евростат со поразителни податоци за Македонија: Втора најниска плата во регионот, лош квалитет на живот и ниска куповна моќ!
Согласно најновите податоци на Европската агенција за статистика – Евростат, Македонија и натаму заостанува во однос на нивоата на минималната плата во европски рамки. Иако минималната плата изразена преку стандарди на куповна моќ (PPS) во јануари 2025 година покажува благ пораст, таа и понатаму е втора најниска меѓу земјите од Европа и регионот – предничејќи само пред Албанија. Во споредба со земјите-членки на ЕУ и останатите аспирантки за членство, Северна Македонија се наоѓа на претпоследното место, што укажува на структурен проблем во продуктивноста, пазарната регулација и фискалните политики, стои во извештајот на Евростат.
Податоците покажуваат драматични разлики меѓу земјите, највисоката минимална плата во евра на 1 јануари 2025 изнесуваше 2.638 евра и истата нормално е исплатена во Луксембург, додека најниската е од 551 евра во Бугарија.
Кога се зема предвид стандардот на куповна моќ, разликите се намалуваат, но и понатаму остануваат значајни останува под најниските граници на ЕУ, што дополнително ја продлабочува социо-економската нерамнотежа, стои во извешрајот.
Евростат нагласува дека и покрај повремените зголемувања на минималната плата во Македонија, реалната куповна моќ на граѓаните останува на ниско ниво во споредба со европските стандарди. Анализата на Евростат покажува дека економскиот јаз меѓу државите од ЕУ и земјите-кандидатки не се намалува со доволно брзо темпо, а РСМ е еден од најдобрите примери за тоа. Ова укажува на итна потреба за насочени економски политики кои ќе ја зголемат продуктивноста, ќе ја формализираат економијата и ќе го поттикнат квалитетот на живот преку реално зголемување на платите и нивно усогласување со трошоците на живот.
Согласно анализите на европската агенција за статистика Евростат, минимална плата изразена преку стандарди на куповната моќ (PPS) во РСМ во јануари 2025 е поголема само од таа во Албанија, а во споредба со државите членки и аспирантки сме на претпоследното место.
На 1 јануари 2025 година, минималните плати во ЕУ се движеа од 551,00 евра месечно во Бугарија до 2.638,00 евра месечно во Луксембург. Изразено во стандарди на куповна моќ (PPS), минималните плати се движеа од 878 PPS во Естонија до 1992 PPS во Германија.
Статистиката за минимална плата објавена од Евростат се однесува на националните минимални плати. Националната минимална плата обично се однесува на сите вработени, или барем на големото мнозинство вработени во една земја. Таа се спроведува со закон, често по консултација со социјалните партнери, или директно преку национален меѓусекторски договор.
Минималните плати генерално се прикажуваат како месечни стапки на плата за бруто заработка (пред одбивање на данокот на доход и придонесите за социјално осигурување што ги плаќа вработениот; овие одбивања се разликуваат од земја до земја).
Националните минимални плати ги објавува Евростат двапати годишно. Тие ја одразуваат состојбата на 1 јануари и 1 јули секоја година. Како резултат на тоа, измените на минималните плати воведени помеѓу овие два датума се одразуваат само во следното објавување на податоци.
Врз основа на нивните национални бруто месечни минимални плати што важат на 1 јануари 2025 година, изразени во евра (€), засегнатите земји од ЕУ можат да се класифицираат во 3 различни групи.
Над 1500 евра месечно: Во оваа група спаѓаат Луксембург, Ирска, Холандија, Германија, Белгија и Франција. Нивните национални минимални плати се движеа од 1802 евра во Франција до 2638 евра во Луксембург.
Од 1.000 до 1.500 евра месечно: Во оваа група спаѓаат Шпанија, Словенија, Полска, Литванија, Португалија и Кипар. Нивните национални минимални плати се движеа помеѓу 1.000 евра на Кипар и 1.381 евра во Шпанија.
Под 1000 евра месечно: Во оваа група спаѓаат Хрватска, Грција, Малта, Естонија, Чешка, Словачка, Романија, Латвија, Унгарија и Бугарија. Нивните национални минимални плати се движеа од 551 евра во Бугарија до 970 евра во Хрватска.
За споредба, минималната плата во Соединетите Американски Држави е 1210 евра месечно.
Просечната годишна стапка на раст помеѓу јануари 2015 и јануари 2025 година беше највисока во Романија (+14,1%), по што следуваат Литванија (+13,2%), Бугарија (+11,6%) и Полска (+10,3%). Најниски просечни годишни стапки на раст меѓу земјите од ЕУ се забележани во Франција (+2,1%) и Малта (+2,9%).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Евростат со поразителни податоци за Македонија: Втора…
Согласно најновите податоци на Европската агенција за…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…