Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да постави дополнителни услови за членство на Македонија во ЕУ!
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија никогаш не ставила вето на Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија, објави БГНЕС. Тој ѝ рекол на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова:
„Постои Договор за добрососедство, пријателство и соработка од 2017 година и два протоколи кон него. Постои преговарачка рамка од 2022 година, европски консензус на сите земји-членки и владата на Северна Македонија, па затоа Бугарија никогаш не поставила и нема да постави услови надвор од овој договор, надвор од преговарачката рамка и надвор од двата протоколи.“
Радев одржа заедничка прес-конференција со Сљановска и албанскиот претседател Бајрам Бегај по состанокот на шефовите на држави и влади на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).
„Она што сакаме да го видиме е вистинско почитување на човековите права. Зборуваме за човекови права, чекаме три години да започне процесот на пристапување и да започнат преговорите со Северна Македонија, вклучително и со уставните измени“, продолжи Радев.
Според Сиљановска, Скопје не наидува на доволна поддршка од соседите на патот кон европската интеграција. Румен Радев одговори дека „не станува збор за нерешени билатерални односи, не станува збор за наметнување вето или запирање на процесот и пречка од некоја соседна земја“. „Европскиот консензус од 2022 година е за внатрешни предизвици поврзани со човековите права и владеењето на правото, и затоа сакам уште еднаш да ве уверам дека Бугарија, како најблиска и најпријателска земја, се залага да ви помогне за вашето државно раководство и општеството да можат многу побрзо да се справат со предизвиците и да ги спроведат Копенхашките критериуми за членство“, додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
(Видео) Посмртните останки на цар Самоил предадени…
Бугарскиот премиер Румен Радев пристигна во Музејот…
Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…
Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Бугарија стана светски лидер во складирање струја…
За помалку од две години, Бугарија стана…