Објавено на:

Гаши на средба со Алиев: Азербејџан работи на долгорочна соработка со Македонија за снабдување со гас

t

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши,   денеска имаше средба со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, на која беа потврдени традиционално пријателските односи меѓу двете земји и беше нагласена потребата за дополнително продлабочување на меѓусебната соработка.

Официјалната посета што се реализира од 17 до 19 јуни 2025 година, претседателот Гаши ја оствари на покана на претседателката на Националното собрание на Република Азербејџан, Сахиба Гафарова, а Делегацијата ја сочинуваат пратеникот Петар Марков, кој е и претседател на Пратеничката група за соработка со парламентот на Република Азербејџан; пратеничката Имрлије Салиу Фетаи, членка на групата; како и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.

Ова е прва официјална билатерална посета на претседател на Собранието на Република Северна Македонија на Република Азербејџан, што е показател за заедничкиот интерес за унапредување на меѓусебната соработка и градење на партнерски однос меѓу двете држави.

На состанокот со претседателот Алиев, претседателот Гаши истакна дека ние како држава, особено во овој мандат, сме посветени на проширување на хоризонтите и на јакнење на партнерства со држави со кои, независно од тоа што не припаѓаме на ист регион, имаме заеднички интерес за соработка и градење мостови на пријателство.

Тој додаде дека ние не отстапуваме од нашиот евроинтегративен пат, и покрај предизвиците со кои се соочуваме, но сме цврсто решени да ги прошириме нашите партнерства со држави како што е Азербејџан, со која немаме отворени прашања, а имаме заеднички интерес за соработка.

Претседателот Гаши нагласи дека имаме заедничка заложба за зајакнување на партнерството во областа на снабдување со гас, имајќи ги предвид ресурсите на Азербејџан и за нивната присутност на Балканот и во дел од земјите на Европската Унија.

Претседателот Алиев истакна дека Република Азербејџан веќе работи на можностите да се обезбеди долгорочна соработка меѓу двете држави во делот на снабдувањето со гас, при што истакна дека покрај соработката во енергетскиот сектор, треба да се размислува и за зголемување на трговската размена и соработка во делот на транспортот.

Двајцата соговорници оценија дека двете земји, покрај на соработката во областа на транспортот, трговијата и економијата, можат да се фокусираат и на соработка во културата и туризмот, бидејќи и двете држави имаат што да понудат, а тоа може да придонесе во зближување на народите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гаши на средба со Алиев: Азербејџан работи…

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…