Објавено на:

Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради расправија во сообраќајот…

t

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Постапката е поведена против едно од лицата инволвирани во вчерашниот инцидент во Чаир, додека за истиот настан постапка ќе се води и против еден малолетник, согласно Законот за правда за децата.

Од доказите обезбедени во предметот постои основано сомнение дека повод за оружениот инцидент со нож била меѓусебна вербална расправија во сообраќај, меѓу осомничениот и неговиот татко од една страна и малолетникот од друга страна. Расправијата прераснала во физичка пресметка, во која таткото и синот со употреба на физичка сила, клоци и тупаници го нападнале малолетното дете. Во тој момент детето извадило нож со кој им нанело повеќе убодни рани по телото на осомничениот и неговиот татко. Осомничениот успеал да му го земе ножот на детето и го прободел во градниот кош.

Во физичката пресметка трите лица се повредени, при што малолетникот и таткото се хоспитализирани со тешки телесни повреди. Полесни се повредите кај сега осомничениот 18-годишник, за кого јавниот обвинител веќе побара да се определат мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице во Основниот кривичен суд Скопје, привремено одземање на патна исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти со малолетното дете кое го повредил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Откриен магацин со нелегални лекови во…

На 21.09.2026 година, спроведено е полициска акција…

Тошковски: Интензивно се работи на расчистување на…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…

Меџити: Чаир и Вакарици кон збратимување

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска…

Клековски: Прободениот 13-годишник сѐ уште е во…

Тринаесетгодишното дете кое беше прободено со нож…

Определен притвор за едно лице за претепаниот…

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен…