Костадинов до ДПМНЕ: ВМРО не е ваша сопственост, ВМРО е во генот на Македонецот!

t

Не е проблем што ВМРО-ДПМНЕ не разбираат политика. Проблемот е што не разбираат ни историја, ни идеологија, ни нација, пишува на Фејсбук градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

– Ова го пишувам не како противник, туку како социјалдемократ. Како човек што со љубов и длабоко разбирање ја познава историјата на македонската борба. Како некој што ја почитува вистината – и Преспанскиот договор како нужност и државнички чин. Не сум неутрален. Сум на страната на прогресот, на народот и на вистината. Затоа имам обврска да проговорам.

ВМРО не е ваша сопственост.

ВМРО не е ваш изум, ниту ваше право.

ВМРО е во генот на Македонецот – како стремеж за правда, за национално достоинство, за социјална еднаквост и меѓуетничко разбирање. Тоа ВМРО било и ќе остане идеја што нè надминува сите.

Секој што мисли дека ВМРО започнува и завршува со ДПМНЕ – ја навредува историјата.

Секој што мисли дека ВМРО е партиска ексклузива – му плука в лице на Гоце Делчев и сите идеалисти што го сонуваа народот како господар на својата судбина, а не како публика за дневна политика.

Денешното ВМРО-ДПМНЕ не е ништо од тоа.

Тие се само блед одраз на нешто што никогаш не го разбрале.

Ветуваа дека ќе го поништат Преспанскиот договор – денес се кријат зад неговите придобивки.

Ветуваа нов договор со Бугарија – денес немаат ни став, ни предлог.

Ветуваа дека ќе ја вратат гордоста – денес не умеат ни внатрешно да стојат исправено.

Денес вие славите „нашата“ брилијантност – онаа за која не тепавте, не пцуевте, не осудувавте.

Како одеднаш стана договор за кој молчите?

Како Преспа стана прифатлива – без да побарате прошка од народот за лагата?

Не убедувајте дека сте фактор на стабилност, кога сте симбол на конфузија.

Единственото стабилно нешто во државата во моментот е вашиот пад – пад на знаење, став, морал.

Јас, како социјалдемократ, верувам во ВМРО – но вистинското ВМРО. ВМРО што се бори за работникот, за селанецот, за правдата, за држава која не се срами од своето име, туку се гордее со своите вредности.

А не во вашата карикатура што со уста е за Гоце Делчев, а со дела за партиска корист.

Историјата не се пишува со аплауз од партиски штабови, туку со жртва и одговорност.

Македонија ќе остане – не благодарение на вас, туку и покрај вас. – напиша Костадинов на Фејсбук.

ЛИНК од објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…

Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…

ВМРО-ДПМНЕ: Пред да биде предоцна, Филипче да…

Венко Филипче е во специфична психолошка состојба,…

Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…

Венко Филипче, кој е познат како личност…