Спасен со честитка за роденденот на ВМРО-ДПМНЕ: Не заслуживме да бидеме ни во публика, а камо ли на сцена – најтешко е ко ке ти го “збибери” твојот

t

Ај да ги потсетам уште еднаш нашите “браќа” на власт кој се борел во првите редови и кој гинел за вмро и за Македонија додека биле опозиција, а и секогаш кога била во криза за опстанок Татковината.. Кој жртвувал кариера, здравје, фамилија и тн…Не од вчера, не од завчера, не од 2017, туку години потераници наназад. Ете ама ние не заслуживме да бидеме дел од 35 години на вмро. Не заслуживме дури ни да бидеме во публика а камоли на сцена да се радуваме на успехот за кој сме се бореле и кој сме го постигнале заедно. Друг се радува на успехот од нашата жртва и нашата борба. Дајбоже сите да се радуваат секогаш. Нашата цел на вистинските патриоти не била од личен интерес. Била за добробит на народот и нацијата. Така и ке биде и во иднина. Ние повторно ке се бориме и жртвуваме за Татковината, а не за фотеља. Чунки така ме научил Тато, Дедо, Прадедо. Не сакаме ништо, сакаме само едно макар лицемерно внимание и благодарам.Немој да го уништите ПАТРИОТИЗМОТ во нас.

Патриот е оној кој е подготвен да жртвува се па дури и самиот себе за татковината, а не оној кој едвај чека да се дочепа на власт за да се ухлеба на државна функција…

Честита 35 годишнина на ВМРО ДПМНЕ иако со задоцнување….

p.s. Не сакав јавно да го изразам мојот револт, но пробав да се јавам кај неколкумина кои сметав дека треба да го слушнат моето мислење, ама како по навика не кренаа телефон(освен еден). Па еве јавно, за да ми олесни, чунки и јас сум душа. А најтешко е ко ке ти го “збибери” твојот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасен со честитка за роденденот на ВМРО-ДПМНЕ:…

Ај да ги потсетам уште еднаш нашите…

Подготовки за војна? Десетици американски воени авиони…

Анализата на податоците за следење на летот…

(Видео) Вленковци повторно одбиваат да зборуваат македонски…

Претставниците на ВЛЕН одбиваат да говорат македонски…

„Премиерот излегува ти кажува сме станале новиот…

Андреј Жерновски вели дека според Евростат, последни…

Министерката за финансии му се закани на…

Како и на генералните седници за пратенички…