Нема веќе молк: Кочани на нозе, свирежи по улиците поради затворената врата од полицијата!
Улиците на Кочани беа сведоци на марш за сеќавање и правда – марш што повеќе не беше тивок. Родителите, роднините и пријателите на трагично загинатите млади во дискотеката „Пулс“ повторно излегоа на улица, но овојпат молкот го заменија исвиркувања, знаци на гнев и пораки што одекнуваат гласно.
За разлика од претходните маршеви обележани со болна тишина, денешниот го отслика чувството на разочараност и огорченост. Почетокот на маршот беше намерно одложен – како симболичен одраз на задоцнетата реакција на институциите. Од почетната до крајната точка, граѓаните носеа јасна порака: трпението е исцрпено, а одговорноста за загубените животи – сè уште недостижна.
Со достоинство, но и решителност, маршот покажа дека оваа болка веќе не е тивка. Таа бара одговори, правда и конкретни чекори. Сочувството повеќе не е доволно – време е за одговорност.
Родителите повторно запрашаа како е можно да се прави акциска контрола во објект кој не смее да работи. Родителите посочија дека се прави и притисок врз сведоци со цел да се сокрие фактот дека била затоворена вратата во дискотеката Пулс од страна на полицијата и наместо децата да бидат спроведени надвор тие биле враќани назад од полицијаците кои според тврдењето на родителите први избегале!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…
Мерц се закани дека ќе го блокира…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…