Дел од вработените на Клинички ќе паркираат кај „Лимак“ – ново привремено решение за хаосот со паркирањето
Министерството за здравство во договор со компанијата „Лимак“ наоѓа привремено решение за проблемот со паркирањето во близина на Клиничкиот центар во Скопје. Дел од вработените на Клиничкиот центар ќе добијат можност да ги паркираат своите возила на дел од просторот што го нуди објектот на „Лимак“, информираше денеска министерот за здравство Азир Алиу.
– Вработените ќе плаќаат иста цена за паркирање како досега, а Министерството за здравство нема да сноси никаков финансиски трошок, изјави Алиу.
Во моментот, на просторот на Клиничкиот центар постојат околу 700 легални паркинг-места, но дневно таму се паркираат над 2.000 возила, што доведува до хаотична ситуација и небезбедно паркирање по тротоари и тревници.
– Оваа состојба мора да се искорени. Со новото решение дел од притисокот ќе се намали, а истовремено ќе се работи на трајно системско решение – истакна министерот.
Соработката со „Лимак“ се гледа како чекор напред кон подобрување на условите околу една од најфреквентните здравствени установи во земјава, додека се бара долгорочно решение за паркинг-проблемот во здравствениот комплекс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…
Мерц се закани дека ќе го блокира…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…