Објавено на:

Иранскиот шеф на дипломатијата Арагчи оди во Москва за да се сретне со Путин

t

Министерот за надворешни работи, Абас Арагчи, одговарајќи на прашање од руски медиум, рече дека денес ќе отпатува во Москва за да се сретне со претседателот Владимир Путин, откако САД ги нападнаа иранските нуклеарни постројки, пренесува Тајмс оф Израел.

Тој додаде дека Иран и Русија се долгорочни партнери, опишувајќи ја Москва како пријател на Иран со кој редовно се консултираат.

Во продолжението на конференцијата Арагчи рече дека во текот на преговорите никогаш не им верувал на западните земји, а денес има уште повеќе причини за недоверба.

„Сега треба уште помалку да му веруваме на Западот“, рече тој.

Ги повика сите актери да го почекаат одговорот на Иран пред да се обидат да го рестартираат дипломатскиот процес.

На прашањето за комуникација со САД, Аракчи потврди дека пред нападот водел индиректни преговори со главниот преговарач на Трамп, Стив Виткоф.

„Кога разговорите беа прекинати поради американската агресија, продолживме да добиваме пораки од Американците преку различни канали, особено преку Оман“, рече тој.

Оман со години дејствува како посредник меѓу Вашингтон и Техеран, особено во моменти на зголемена тензија.

Аракчи на прес-конференцијата најави натамошни дипломатски активности по средбата во Москва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…

(Видео) Супертанкер со повеќе од два милиони…

Силна експлозија и голем пожар зафатиле супертанкер…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…

Иран подготвува нова стратегија за напади врз…

Иран започнал да применува нова стратегија за…