Објавено на:

Ужас во Алжир: Се сруши трибина, едно лице го загуби животот

t

Едно лице загина, а уште неколку се повредени по пад на трибина на стадионот „5 Јули“ во главниот град на Алжир откако екипата на МС Алжир ја освои титулата.

Тажната вест за смртта на навивачот ја потврди и алжирскиот клуб преку социјалните мрежи.

„Со голема тага и болка во срцето ја примивме веста за смртта на нашиот верен навивач Јунас Амгузи, кој го загуби животот по несреќата на стадионот“, се наведува во објава на клубот на социјалните мрежи.

Според извештаите на локалните медиуми, несреќата се случила откако попуштила заштитната ограда на горниот дел од трибините. Телевизијата „El Heddaf“ објави видео на кое се гледа како дел од оградата паѓа врз долниот дел од стадионот.

Поради сериозноста на инцидентот, повредените биле итно пренесени во болница, а во знак на солидарност, фудбалерите, стручниот штаб и раководството на клубот МС Алжир веднаш заминале во болницата за да донираат крв.

Претседателот на Алжир, Абделмаџид Тебун, упати сочувство до семејството на загинатиот навивач и им посака брзо закрепнување на повредените.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ужас во Алжир: Се сруши трибина, едно…

Едно лице загина, а уште неколку се…

Мароко ја одбива хуманитарната помош од ОН,…

Понудите за хуманитарна помош за Мароко станаа…

Твитер врие: Кина ќе му ДОНИРА на…

Веста дека Кина ќе му донира на…

Алжир поднесе барање за членство во БРИКС,…

Алжир поднесе барање за приклучување кон БРИКС…

Алжир поднесе барање за членство во БРИКС

Алжир поднесе барање да стане акционер на…