300 лекари од Клинички од 1 јули ќе мора да се ,,иселат” со паркирањето во Лимак за да им направат простор на пациентите
Министерот за здравство Азир Алиу денеска најави дека 300 возила што ги возат и паркираат докторите и другите вработени во Клинички центар Мајка Тереза, наместо на паркингот во Клинички – од 1 јули ќе треба да се паркираат на друго место, на 5 минути оддалеченост од болниците за да се направи место.
За таа цел како што најави министерот, Министерството за здравство склучило договор за соработка со ,,Лимак” и паркинг местата се ослободени таму. Значи медицинскиот персонал ќе треба да се паркира наместо на Клинички, на паркингот во хотел Лимак. Ќе бидат обележани спратови кои што ќе ги користат вработените. Има 2,500 вработени на Клинички, а од нив 300 ќе треба да се преселат со паркирање во Лимак.
Министерот рече дека за тоа кои медицински кадри ќе одат со паркирање на новото место, ќе се одлучува на доброволна основа. До секоја клиника ќе се прати информација, па ќе треба да се пријават 300 вработени што ќе може да го користат паркингот во Лимак кој е вип паркинг, 24-часовен. Парите за паркингот ќе ги плаќаат повторно вработените а Министерството за здравство нема да има финансиска импликација односно ќе има 0 денари трошок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…
Мерц се закани дека ќе го блокира…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…