ДПМНЕ со системски упади го руши владеењето на правото и ги игнорира меѓународните препораки
Во време кога владеењето на правото и темелните вредности на достоинствениот живот се клучни за опстанокот на демократскиот поредок, во Македонија сведочиме на сериозна тенденциозна операција која има за цел да ја разниша уставно загарантираната поделба на власти и да ја поткопа независноста на правосудството како трета и клучна власт, рече потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, во рамките на трибината под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“.
Чупеска потенцираше дека интервенциите врз судството, редовно продуцираните скандали и предмети од страна на власта на ДПМНЕ, се во директна спротивност со ветувањата од нивната изборна програма, која се покажа како формална и измамничка агенда.
Наместо реални реформи и правда, сведочиме на континуирано и систематско поткопување на судската независност и правдата. Ветувањата за правда, вклучително и правдата за неправедно осудените, останаа само празни зборови, додека надежта за правда е сериозно нарушена. Особено загрижувачки е третманот на мајките на жртвите од Кочани, кој ја отсликува вистинската состојба на правдата во државата, рече Чупеска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…
Мерц се закани дека ќе го блокира…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…