Левица: Политички реваншизам на штета на децата, ДПМНЕ ги повторува стапките на СДСМ
Политичката партија Левица реагираше на продолженото одложување, од страна на Министерството за финансии, за давање согласност за вработување на 26 негователки во детската градинка во Кочани, истакнувајќи дека ваквото однесување претставува политички реваншизам кој ја штети најмногу најранливата категорија, децата.
„Министерството за финансии повеќе од еден месец ја одложува согласноста за вработување на негователки во детската градинка во Кочани, иако потребата е очигледна, а дефицитот на кадар директно го загрозува квалитетот на грижата за децата,“ се наведува во реакцијата на Левица.
Партијата посочува дека додека се блокираат вработувањата во детските градинки, истото Министерство без проблеми одобрува нови вработувања во државната компанија М-НАВ, „за позиции како советници на директори и мајстори за клима-уреди, оправдувајќи го тоа како во интерес на граѓаните.“
„Ова е уште еден пример на партиска селективност и политички реваншизам од страна на ДПМНЕ – идентичен со она што граѓаните со години го трпеа и од СДСМ. Централната власт повторно се користи како алатка за одмаздување и блокирање на општини каде тие немаат локална власт, наместо да биде сервис на сите граѓани,“ изјавуваат од Левица.
Во продолжение, Левица го потенцира тространиот удар врз јавноста: „Децата се оставени без доволна грижа и внимание; родителите се соочуваат со пренатрупани групи и недостиг од капацитети; негователките се експлоатирани преку договори за дело, без право на боледување, породилно отсуство, платено отсуство или пензиско осигурување и сето тоа за плата на минималец.“
„Работничките права не смеат да бидат жртва на партиски калкулации,“ нагласуваат од Левица и упатуваат директен апел: „Итно бараме Министерството за финансии веднаш да ја даде согласноста за вработување на негователките во Кочани, но и во другите општини каде ДПМНЕ не е на власт, како што е општина Карпош.“
Левица дополнително бара и трајно вработување со сите законски права и услови за работа, со цел професијата на негователките да биде признаена и вреднувана соодветно на нејзината важност.
„Ниту децата, ниту нивните воспитувачи не смеат да бидат заложници на политички игри,“ заклучуваат од партијата во својата реакција.
Објавата на партијата Левица ви ја пренесуваме во целост:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Политички реваншизам на штета на децата,…
Политичката партија Левица реагираше на продолженото одложување,…
Операцијата „Полноќен чекан“ беше успешна, соопшти Пентагон
Високи американски функционери одржаа прес-конференција во Пентагон…
Иранската хакерска група „Homeland Justice“ ѝ се…
Во екот на ескалацијата меѓу Иран и…
Драма во Лазарополе: Баран криминалец фрлал предмети…
На 21.06.2025 во 21.30 часот во Полициското…
Иранската револуционерна гарда испрати предупредување до американските…
Иранската револуционерна гарда испрати предупредување до американските…