Влен се пофали правеле „револуција“ во јавната администрација: Унапредувања и вработувања на албанските кадри!

t

Владата предводена од коалицијата ВЛЕН докажува дека ветената промена не е само изборна реторика, туку конкретен и опиплив процес на трансформација на јавната администрација во Северна Македонија.

Во фокусот на реформите е унапредувањето и правичната застапеност на албанските кадри во државните институции, каде со децении недостасуваа еднаквоста и меритократијата. За кратко време беа преземени храбри чекори, кои резултираа со конкретни одлуки за вработувања и унапредувања.

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК), само три недели по назначувањето на Мухамед Алиу на чело на институцијата, беа унапредени четворица албански вработени со повеќе од 20 години професионално искуство. Дополнително, во тек се десетици други вработувања и унапредувања, во процес кој се одликува со транспарентност и ефикасност.

Во ЕВН – Снабдување со топлина, новиот директор Али Исмаили започна со зајакнување на капацитетите преку три нови вработувања и три унапредувања на раководни позиции за албански кадри. Според раководството, овие одлуки се базираат на заслуги, а не на партиски или лични врски.

Позитивни промени се забележуваат и во ЕЛЕМ – ХЕЦ Треска Скопје, под водство на Астрит Иљази, каде успешно е завршен конкурсот за вработување и се потпишани трајни договори со седум нововработени албанци. Ова е значаен чекор за создавање можности за младите на пазарот на трудот. За споредба, во изминатите 10 месеци се реализирани 7 вработувања под водство на ВЛЕН, додека во текот на 22 години власт на ДУИ, бројот на вработени Албанци бил само 17.

Претставниците на ВЛЕН истакнуваат дека нивната цел е воспоставување на нови стандарди на владеење: враќање на довербата на граѓаните во државните институции, обезбедување достојна застапеност и гарантирање на функционална, професионална и инклузивна администрација.

„Ова е само почеток. ВЛЕН ќе продолжи да биде гласот на граѓаните, да работи за реална еднаквост и да обезбеди правда за сите,“ се вели во официјалната реакција на коалицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Влен се пофали правеле „револуција“ во јавната…

Владата предводена од коалицијата ВЛЕН докажува дека…

Се огласи врховниот лидер на Иран: Ционистичкиот…

Додека светот ја чека најавената иранска одмазда…

Брнабиќ за извозот на оружје во Израел:…

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ…

Секогаш со власта… ДОМ ја напушта коалицијата…

Централниот одбор на ДОМ (Демократска обнова на…

(Видео) Пелагонија пет месеци без испитен центар…

Целиот Пелагониски регион пет месеци бил оставен…