Објавено на:

Во кое сценарио цената на нафтата ќе скокне над 100 долари?

t

На светските пазари, цените на нафтата пораснаа за повеќе од 2,5 проценти минатата недела и продолжија да растат денес, бидејќи трговците стравуваат од прекини во снабдувањето на Блискиот Исток откако САД ги бомбардираа нуклеарните постројки на Иран во саботата.

Цената на барел на лондонскиот пазар порасна за 3,6 проценти минатата недела на 77,01 долари, додека на американскиот пазар, барелот порасна за 2,7 проценти на 73,84 долари.

Утрово цените дополнително пораснаа за повеќе од 2 проценти на највисоко ниво за пет месеци. Ова е последица на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, откако САД се вклучија во војната меѓу Израел и Иран.

Во саботата, американските воени авиони бомбардираа три нуклеарни постројки во Иран, што треба да го спречи Техеран да произведува нуклеарно оружје.

Иран одговори со уште пожестоки ракетни напади врз цели во Израел, што се заканува дополнително да го ескалира конфликтот на Блискиот Исток.

Трговците стравуваат за Ормускиот Теснец
Трговците стравуваат за испораките на нафта низ Ормускиот Теснец, низ кој дневно минуваат 18 милиони барели нафта, кондензати и гориво.

Вашингтон ја повика Кина да го спречи Иран да го затвори теснецот низ кој минува околу 20 проценти од светската нафта.

„Во сценарио каде Иран селективно го попречува протокот низ Ормускиот Теснец, цената на барел нафта би можела да се искачи над 100 долари“, рече Вивек Дар, аналитичар во Commonwealth Bank of Australia.

Во изминатите десет дена, колку што трае ракетниот оган меѓу Израел и Иран, цената на барел нафта на лондонскиот пазар се зголеми за повеќе од 13 проценти, а на американскиот пазар за повеќе од 10 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во кое сценарио цената на нафтата ќе…

На светските пазари, цените на нафтата пораснаа…

Трамп: Доколку режимот не може повторно да…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека доколку…

Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија економски…

По една година од новата влада, состојбата…

Брлогот со емотивен статус за неговата внука…

За мојата внука Моника... Внуката што со…

Влен се пофали правеле „револуција“ во јавната…

Владата предводена од коалицијата ВЛЕН докажува дека…