Левица: Скандал во Вевчани, ДПМНЕ на колена пред ВЛЕН

t

Скандал во Вевчани, наместо успехот критериум за вработување е етничката и политичката позадина, реагираат од Левица.

– АНТИМЕРИТ СКАНДАЛ ВО ЗДРАВСТВОТО – ДПМНЕ ПОВТОРНО НА КОЛЕНА ПРЕД ВЛЕН

По распишаниот оглас од страна на ЈЗУ Здравствен Дом “Д-р Светозар Чочороски” Вевчани за 4 медицински сестри, од кои пријавени биле 6. Наместо да се земе успехот како главен и непосреден критериум за вработување, земени предвид се етничката и политичката позадина на пријавените, со тоа што двете пријавени од македонска националност, на првото и третото место по успех биле одбиени.

Со ова јасна сликата на ДПМНЕ која очајно се обидува да ги задоволи апетитите на коалицискиот партнер ВЛЕН.

Левица цврсто ги осудува ваквите постапки кои го уназадуваат општествениот развој во еден од клучните сектори на нашето општество.

Здравството треба да е предводено од строг мерит систем кој ќе го продолжува и унапредува животниот век на граѓаните.

Левица секогаш ќе застане на страната на обесправените и ќе се бори против сите коруптивни скандали кои го деградираат општото живеење. – стои во објавата на Левица Вевчани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Економските резултати се мерат со бројки,…

Економските резултати се мерат со бројки, а…

ВЛЕН: Кој ја води ДУИ, Али, Бујар…

Соопштение на ВЛЕН Во ДУИ веќе не…

Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…

ВЛЕН: Орхан Муртезани ја презема амбасадорската должност…

Назначувањето на Орхан Муртезани за амбасадор и…

ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции, нови фабрики и илјадници…

Со нови проекти, нови производствени капацитети и…