Објавено на:

Арсовска го објави: „Ова е сопственикот на дивоградбата на 12 ката во Чаир“!

t

Градоначалничката Данела Арсовска денес на Фејсбук сподели фотографии и информации за, како што вели таа, сопственикот на небезбедната и нелегална 12-катница во Чаир.

– Запознајте го Бујар Аземи, сопственикот на НЕБЕЗБЕДНАТА зграда изградена без документација, без одобрение за градење, без проект, без платени комуналии, на 12 спрата и до сега пребројани 61 стан НЕЗАКОНСКИ ГРАДЕНИ СЕГА со обид да се легализираат прикажани ЛАЖНО ДЕКА СЕ ГРАДЕНИ ВО 2011 со документација фалсификувана од Висар Ганиу и Ејуп Адеми.

Вчера Бујар Аземи фатен како дивоградбата се обидува нелегално да ја приклучи на водоводна мрежа, а која веќе нелегално ја приклучил на струја, упати БРОЈНИ СЕРИОЗНИ ЗАКАНИ за што е поднесена пријава до МВР!

Денес до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доставуваме уште еден предмет со илјадници страни фалсификати и злоупотреби од Општина Чаир, каде се инволвирани повеќе функционери и вработени во општина Чаир.

Во нормални услови и нормална држава би ги повикала институциите да реагираат веднаш за заканите и насилието од криминалциве, ама живееме во Македонија, каде ако не си со тие на власт, ќе си чекаш некој да те убие зошто очигледно си знаат дека нема никој да ги спречи!!! – пишува Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протестен марш во Скопје за поддршка на…

Со почеток во 14 часот во Скопје…

Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…

„Од почетокот на март следната година, ќе…

Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…

По повод големиот јубилеј, 100 години од…

(Видео) Откриен магацин со нелегални лекови во…

На 21.09.2026 година, спроведено е полициска акција…

(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…

На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…