Објавено на:

Марк Руте: НАТО е тука и за Западен Балкан – безбедносната состојба е драматично променета

t

На прес конференција пред почетокот на НАТО Самитот во Хаг, генерален секретар на Алијансата, Марк Руте, оцени дека НАТО се соочува со еден од најпредизвикувачките безбедносни моменти досега, а прашањето дали нестабилноста може да се прелее и на Западен Балкан го нарече „многу добро прашање“.

„Секако дека НАТО е присутен на Западен Балкан – пет од осум држави се членки: Црна Гора, Албанија, Северна Македонија, Словенија и Хрватска. Во Косово сме присутни со КФОР, а со ЕУ тесно соработуваме и во Босна и Херцеговина преку мисијата ЕУФОР“, рече Руте.

Тој откри и дека е во постојан дијалог со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кого го познава долго време, но истакна дека и покрај добриот однос, не секогаш се согласуваат.

„Важно е тој дијалог да продолжи. НАТО, како поединечни сојузници, но и колективно, сме фокусирани на овој дел од Европа“, рече Руте, испраќајќи порака дека земјите од регионот не треба да се чувствуваат изолирани од Алијансата.

Во однос на глобалната безбедносна состојба, Руте беше дециден:

„Да не се лажеме – безбедносната слика е драматично променета. Почнувајќи од анексијата на Крим во 2014, до целосната инвазија врз Украина во 2022, Русија ги реорганизираше своите вооружени сили. Паралелно, таа соработува со Северна Кореја, Кина и Иран. А Кина сама по себе ги засилува своите воени капацитети на ниво што досега не сме го виделе.“

Токму затоа, како што рече Руте, овој самит е од клучно значење.

„Кога ќе дојде повикот до која било земја-членка да придонесе за колективната одбрана согласно Членот 5, мора да бидеме сигурни дека сите се способни да испорачаат. Затоа е неопходно да се зголемат трошоците за одбрана. Треба да бидеме обединети – не само во духот, туку и во праксата,“ заврши Руте.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марк Руте: НАТО е тука и за…

На прес конференција пред почетокот на НАТО…

НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран

НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран,…

Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…

Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…

ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…

„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…

Трамп ќе присуствува на самитот на НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на…