Објавено на:

Трамп ѝ порача на нафтената индустрија да не ја зголемува цената на нафтата

t

Доналд Трамп, во свој стил и со популистички тон, им порача на американските нафтени компании да не ги зголемуваат цените на нафтата и да „продолжат со дупчењето“, односно со експлоатацијата на фосилните горива. Со оваа порака, Трамп уште еднаш демонстрира дека неговата енергетска политика останува насочена кон засилено домашно производство и оддалечување од „зелените“ политики на сегашната администрација.

„Сите, одржувајте ги цените на нафтата надолу. Гледам! Вие не сфаќате дека тоа што го правите е од корист на непријателот. Не правете го тоа“, напиша Трамп на „Truth Social“.

Во друга објава на истата мрежа тој се обрати до Министерството за енергетика на САД.

Продолжете со експлоатација на фосилните горива, драги мои, сега! напиша тој.

Во својата порака за цените на нафтата, Трамп изрази желба да ги спречи тие цени да растат, поради стравувањата дека тековниот конфликт на Блискиот Исток може да предизвика нивно зголемување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп ѝ порача на нафтената индустрија да…

Доналд Трамп, во свој стил и со…

Вучиќ: Правилата повеќе не постојат, САД го…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по седницата…

Пентагон: Историската операција во Иран ја извршија…

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, зборувајќи…

Иран: Трамп лаже, штетата врз нашиот главен…

Иран тврди дека нападот на американските сили…

И Германија го повика Иран да разговара…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повикува Иран…