СДСМ: Срамота е Мицкоски да зборуваш за селективност – Го блокирате Законот за Кочани, го амнестирате директорот на АНБ!

t

Нема дно кое Мицкоски не може да го пробие кога лаже и манипулира со јавноста.

На денот кога треба да даде отчет за сработеното во првата година на власт, Мицкоски реши да зборува за трагедијата во Кочани, ставајќи ја во функција на предизборна кампања, реагираат од СДСМ.

– Дегутантно е Мицкоски да зборува за некаква грижа, за лажната емпатија и за наводниот план кој тој го имал за Кочани и тоа денес кога неговите пратеници во Собранието одлучија да го блокираат Законот за поддршка на родителите на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани.

Срамота е Мицкоски да зборуваш за правда, кога четири месеци криевте и на секој можен начин се обидувавте да ги извлечете своите партиски кадри од одговорност. Срамота е Мицкоски да зборува за одговорност без селективност кога целата Македонска јавност виде дека токму неговата партија добивала донации од осомничените за трагедијата.

Обвинителите работат под притисок за случајот Кочани и тоа е очигледно. Секогаш кога обвинителите ќе најават проширување на истрагата, Мицкоски зборува за нивна смена и нивна одговорност.

Срамота е Мицкоски да зборува за неселективна правда кога го амнестира од одговорност директорот на АНБ кој е поставен на функција со фалсификувани документи.

Срамота е Мицкоски да зборува за неселективност кога секојдневно гледаме докази за 150 дивоградби во Чаир кај неговиот коалициски партнер од ВЛЕН.

Мицкоски нема право да зборува за неселективна правда, Мицкоски ја понижи Македонија. – стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Срамота е Мицкоски да зборуваш за…

Нема дно кое Мицкоски не може да…

Една година власт на ВМРО-ДПМНЕ: Нула резултати,…

Неверојатна е леснотијата со која Мицкоски смета…

Земјоделците никогаш не биле по понижени, а…

Земјоделците никогаш не биле попонижени и посиромашни…

По една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија…

На една година од власта на ВМРО-ДПМНЕ,…

Мицкоски изгубен во сопствените лаги – реалноста…

Мицкоски изгубен во сопствените лаги - реалноста…