(Видео) Вистински херој од Виница: Бесплатно ќе им поставува клими на настраданите во Кочани
Во време кога солидарноста е најпотребна, Борчо Горѓиев од Виница испрати силна порака на хуманост. Тој понуди бесплатна монтажа на клима уреди за сите семејства од Кочани кои беа погодени од неодамнешниот пожар.
„Во вакви моменти мораме да си помагаме. Ако барем малку можам да придонесам со мојата работа, тоа ќе го направам со цело срце“, изјави Горѓиев, кој веќе контактирал со неколку семејства и подготвено ја започнал акцијата.
Овој гест предизвика позитивни реакции на социјалните мрежи, каде граѓаните масовно му изразуваат благодарност и почит.Во време на несреќи и загуби, ваквите примери на добрина нè потсетуваат дека човечноста е сè уште жива.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Вистински херој од Виница: Бесплатно ќе…
Во време кога солидарноста е најпотребна, Борчо…
Големите експерти во енергетика: Шест дена рек…
Откако на 18 јуни Термоблокот 2 од…
(Фото) Се бара оставка на Владата: Бројни…
Во центарот на Скопје, во близина на…
Како Кина и Русија го изневерија Иран?
Во актуелниот конфликт меѓу Израел и Иран,…
Мицкоски најави инфраструктурен бум: „Веќе вклучуваме во…
Во оваа тешка година имаме резултати зад…