Каменичанец изградил поткровје без соодветна дозвола, па доби кривична пријава
Жител на Македонска Каменица доби кривична пријава за бесправно градење од МВР поради тоа што без соодветна дозвола изградил поткровје.
СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Р.(51) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.
Во периодот од 19.04.2023 до крајот на 2023 година, на негова катастарска парцела пријавениот изградил поткровје без соодветна документација од надлежен орган, стои во билтенот на МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Конгоанските мигранти ја напуштија зградата на поранешната…
Десетиците мигранти по потекло од Конго кои…
Емотивна македонска поезија за војната
Профилот „Македонска поезија“ на социјалните мрежи со…