Марко Колев го остави Велес без еколошка заштитан додека Езерото Младост умира
Марко Колев го остави Велес без еколошка заштитан додека Езерото Младост умира, реагираат од политичката партија Левица.
– Општина Велес веќе четири години е без локален инспектор за животна средина – позиција со најголеми овластувања за контрола, спречување и санкционирање на загадувањето. Иако оваа функција е клучна за заштита на здравјето на граѓаните и животната средина, градоначалникот Марко Колев, со поддршка од ДПМНЕ, свесно не распишува јавен оглас за нејзино пополнување.
Како резултат на тоа, во Велес владее целосна институционална блокада. Контролниот механизам е во прекин, а институциите не постапуваат ниту превентивно, ниту санкционирачки. Оваа состојба не е последица на пропуст, туку на одлука што директно ја загрозува еколошката и јавно-здравствената безбедност на граѓаните.
Во текот на мандатот на градоначалникот Марко Колев, Велес се соочи со сериозен еколошки колапс. Езерото Младост е во критична состојба и практично уништено, системот за пречистување отпадни води е целосно девастиран, а реката Тополка е загадена, со појава на масовен помор на риби. Во вечерните часови, градот е обвиен со неподнослива смрдеа, додека надлежните органи остануваат неми, а властите се занимаваат со организирање партиски прослави. Во изминатите четири години, не е забележана ниту една сериозна институционална акција или реакција.
Ситуацијата е сведена на апсурдно и цинично избегнување одговорност. Градоначалникот Колев, без ни најмала свест за сериозноста на проблемот, изјави дека „никој не дошол да побара да биде инспектор“ – како да станува збор за приватна иницијатива, а не за законска обврска на општината да распише јавен оглас. Ваквата изјава не е само показател за длабоко неразбирање на јавната функција, туку и врв на ароганцијата. Таа недвосмислено открива дека нефункционалноста на системот не е случајна, туку намерно одржувана со цел да не се нарушат интересите на поединци и групи кои профитираат од еколошката неказнивост.
Денес, Велес не е само жртва на загадување. Тој е жртва на системско политичко убиство на институциите. Општината не постои како сервис за граѓаните, туку како заштитна маска за приватни и партиски интереси. Градот е затруен не само физички, туку и морално и институционално. И токму затоа, Марко Колев и ДПМНЕ сносат директна одговорност за секој изумрен екосистем, за секоја непреземена акција, за секој затруен здив што го вдишуваат велешани. – велат од Левица во соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…
Присуството на Левица на јавната трибина „Што…
АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…
Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…
Левица предлага студентскиот оброк да изнесува еден…
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на денешната…
Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…
Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…