Српската полиција уапси шест лица за „планирање насилна промена на власта“ во Србија
Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави дека полицијата уапсила шест лица на неколку локации под сомнение за сторено кривично дело „подготовка на дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија“, во врска со кривичното дело „повикување на насилна промена на уставниот поредок“, јавува агенцијата „Бета“.
По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, тие се уапсени во соработка со службите на МВР во Белград и полициските одделенија во Ужице, Чачак и Крагуевац, како и Агенцијата за безбедност и информации.
„Уапсените се на возраст од 48 до 57 години и за нив постои сомневање дека се сретнале во саботата, на 21 јуни, во хотел во Краљево „за да испланираат насилна промена на власта во Србија и да организираат напади врз претставници на државните институции“, соопшти МВР.
Министерството за внатрешни работи изјави дека постои сомневање дека се договориле и за „физички напади врз полицајци со цел нивно разоружување, насилни упади во зградата на Владата на Србија и други институции“, како и во Радио-телевизија Србија, телевизиите „Хепи“ и „Информер“, „со најава дека ќе употребат огнено оружје“.
Во соопштението се вели дека против едно лице ќе биде поднесена кривична пријава поради сомнение за нелегално производство, поседување, носење и трговија со огнено оружје и експлозивни направи. Полицијата извести дека во автомобилот „Шкода“ што го возело лицето на патот кон Пожега, пронашла пиштол со полиран сериски број и рамка со седум куршуми што тој нелегално ги поседувал. Додаде дека е пронајдена и фабричка кутија со 25 куршуми муниција.
Адвокатот Иван Ниниќ претходно објави на социјалната мрежа X (X) дека семејната куќа на поранешниот претседател на Воениот сојуз на Србија, Новица Антиќ, во Крагуевац е претресена бидејќи во саботата, „како и секогаш, требало да дојде во Белград на протест“ со други ветерани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српската полиција уапси шест лица за „планирање…
Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…
Вучиќ: Го запираме целиот извоз на оружје!
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…
Кремљ до Белград: Згазивте векови старо братство…
Според прес-бирото на Службата за надворешно разузнавање…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…