Брисел уште еднаш потврди: Изразивме загриженост за назначувањето на Богојески за директор на Националната агенција!

t

Европската комисија контактирала со Министерството за образование и наука и изразила загриженост за тоа што Петар Богојески бил поставен за директор на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност, потврдија оттаму за „Слободен печат“.

Од Европската комисија кога контактирале со МОН, загриженоста ја оправдале со потенцијален судир на интереси и етички причини, базирани на неколку законски рамки коишто се однесуваат на Агенцијата што раководи со парите од програмата на Европската Унија „Еразмус+“ наменета за поддршка во образованието, обуката, младите и спортот во државите во Европа, вклучително и земјава.

Од Брисел за Инфомакс вчера исто така потврдија дека Комисијата и Директоратот во Брисел не биле консултирани кога Богојески бил назначен за директор.

Брисел барал од МОН И Националната агенција за европски образовни програми и мобилност да се исполнат одредени услови, во спроивно истата ќе биде суспендирана или затворена, потврдија од Брисел за Инфомакс.

Како што дознава Инфомакс на 25 мај во МОН добиле писмо од Европска комисија, дека имаат 30 дена рок за агенцијата да не добие суспензија да ги спроведе корективните мерки, покрај забелешката за промена на директорот, од Брисел не се задоволни и дека не е покренат случај за злоупотреба на 2,2 милиони, пари кои се испумпувани пари од повеќе училишта преку една организација, стар случај за кој веќе има кривична пријава.

Медиумите претходно во 2024 година пишуваа за поврат на 2,2 милиони евра кој ќе треба да го изврши Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за средства злоупотребени преку програмата „Еразмус плус“.

Националната агенција, минатата годинс добила известување за конечност на одлуката откако претходно на 30 ноеври 2023 година по електронска пошта од Генералниот директорат за образование млади, спорт и култура на Европската комисија, согласно извештајот на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) биле информирани за барањето за поврат.

Оваа информација тогаш ја соопшти тогашниот директор на Агенцијата, Марко Ѓоргиевски.

Што следува доколку нашата држава не ги исполни условите од Брисел? До 2027 нема да имаме средства кои инаку ги добиваме од ЕУ, освен средствата за плати на вработените. Дополнително ангажираните со договор за дело ќе останат без работа, бидејќи за нив нема да добиваме средства за исплата на платите.

Исто така можно е Брисел да бара да се вратат средствата кои ги добиваме од 2020 година до денес, што е околу 7 милиони евра годишно или 35-40 милиони евра.

Денес добивме одговор од портпаролот на Евроспаката комисија задолжен за образование.

– „Европската комисија е известена од Министерството за образование на Северна Македонија за назначувањето на нов директор на „Националната агенција за европски образовни програми и мобилност“ во Северна Македонија.

Оваа агенција, назначена од Министерството за образование и наука, е одговорна за спроведување на програмите Еразмус+ и Европски корпус за солидарност под индиректно управување во Северна Македонија.

Комисијата (Европската комисија) не беше вклучена во процесот на избор и номинирање (на директорот). Комисијата контактираше со националниот орган во Северна Македонија и изрази загриженост во врска со ова назначување поради потенцијални судири на интереси и етички прашања, врз основа на неколку законски рамки, вклучувајќи ја Регулативата Еразмус+, Регулативата за Европски корпус за солидарност, Финансиската регулатива на ЕУ и Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Северна Македонија.

Комисијата е во понатамошен дијалог со властите на Северна Македонија. Комисијата е посветена на почитување на највисоките етички и морални стандарди во корист на сите учесници во овие програми. Доколку овие забелешки не се решат соодветно, Комисијата е подготвена да ги оствари своите права според правото на ЕУ.“ – стои во одговорот од Брисел за Инфомакс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брисел уште еднаш потврди: Изразивме загриженост за…

Европската комисија контактирала со Министерството за образование…

Европа прес: Европскиот парламент побара реформи и…

Република Македонија мора да покаже политичка волја…

Европската Унија ќе ја затвори канцеларијата на…

Брисел барал од МОН И Националната агенција…

Вајц: Не знам дали Северна Македонија навистина…

Не знам дали Северна Македонија навистина сака…

СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…

СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…