Санчез му порача на Израел: Шпанија не тргува со геноцидна држава
Шпанскиот премиер Педро Санчез ја повтори својата отворена критика за војната на Израел во Газа, велејќи дека Газа се соочува со геноцид и ги повика лидерите на ЕУ веднаш да го суспендираат договорот со Израел.
Во разговор со новинарите пред самитот на ЕУ во Брисел, Санчез го спомена неодамнешниот извештај на дипломатската служба на блокот за човекови права, кој, според него, се однесува на „катастрофалната ситуација на геноцид што се случува во Газа“, објави „Гардијан“.
Извештај објавен минатата недела пронајде индикации дека Израел ги крши своите обврски за човекови права според договорот, кој претставува основа за трговски врски.
Во текстот се наведува блокадата на хуманитарната помош на палестинската територија од страна на Израел, големиот број цивилни жртви, нападите врз новинари и масовното раселување и уништување предизвикано од војната.
Санчез рече дека е повеќе од очигледно дека Израел ги крши своите обврски и дека блокот треба веднаш да го суспендира договорот за соработка.
„Нема смисла што блокот воведе 18 рунди санкции врз Русија за нејзината инвазија на Украина, но не е ниту способен да го суспендира договорот за асоцијација“, рече Санчез.
Минатиот месец, Израел соопшти дека го повикал шпанскиот амбасадор за формална опомена откако Санчез го опиша Израел како геноцидна држава.
Санчез ги даде коментарите за време на размена на мислења во шпанскиот парламент во која неговата влада беше обвинета дека продолжува да тргува со Израел.
„Сакам да разјаснам едно! Ние не тргуваме со геноцидна држава. Ние не тргувам“, рече Санчез.
Премиерот претходно изрази сериозни сомнежи за тоа дали Израел се придржува до меѓународното хуманитарно право во својата офанзива во Газа, додека една од потпретседателките на Шпанија, Јоланда Дијаз, рече дека геноцидот врз палестинскиот народ не може да остане неказнет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел го уби шефот за финансии на…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…
Кац: Израелската армија е подготвена да ја…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…
Италија ја продолжува суспензијата на Шенгенскиот договор…
Италија ја продолжи суспензијата на Шенгенскиот договор…
Израел уби висок командант на Хамас во…
Израелската армија во петокот соопшти дека убила…