Николова: Хаос со актите во образование, се бара училиштата да работат спротивно на Закон
Пратеничката на СДСМ Даниела Николова во рамките на собраниската седница посветена на пратенички прашања упати прашање до министерката за образование Весна Јаневска, во врска со дописот упатен од БРО до училиштата за водење Главна книга, кој е спротивен на Законот за основно образование, што претставува системско непочитување на правниот поредок и создавање хаос на терен.
Во продолжение интегрален текст на прашањето:
„Имено во изминатиот период до училиштата е испратен допис од БРО за пополнување на Главната книга за учениците од 1- 3 одделение.
Уште веднаш сакам да истакнам дека сум поборник за намалување на административната работа која ја имаат наставниците со цел тие да можат да се фокусираат на наставата, што е приоритетна работа.
Но, каде е проблемот со овој допис? Испратениот допис до училиштата од страна на БРО за водење на Главна книга за учениците од 1–3 одделение е без архивски број, нема печат и нема потпис. Освен формалниот пропуст, суштинскиот пропуст е што содржината на дописот не е во согласност со Правилникот за педагошка евиденција и Законот за основно образование.
Главната книга е документ од трајна вредност. Упатства кои не се засновани на нормативни акти не можат да бидат обврзувачки. Ова не е административна грешка, туку пример за системско непочитување на правниот поредок и создавање хаос на терен.
Ова е само уште еден доказ колку несериозно се однесувате кон образованието, каков хаос создавате. Вие, не мислам лично вас, туку на ВМРО-ДПМНЕ, практично промовирате непочитување на Закони. За вас очигледно непотпишан документ е над Законите во државата. Законите од образование ги менувате секој месец. Можевте да направите измена и во Законот за основно образование во член 92. Ама немате добар тим кој може да носи добри мерки и политики во образованието.
Ве прашувам: Според кој акт ќе треба да постапуваат во училиштата, бидејќи и наставниците и директорите го поставуваат ова прашање: Законот, Правилникот или непотпишаниот допис од БРО? Кој ќе ја сноси одговорноста ако училиштата постапиле согласно незаконитите акти?“ – рече пратеничката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…
Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…
СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…
ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…
Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…
Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…