Објавено на:

Кошта: Хуманитарната ситуација во Газа е целосно неприфатлива

t

„Хуманитарната ситуација во Газа е целосно неприфатлива“, нагласи претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

„Израел е пријател, но со пријателите мора да бидеме искрени и јасни“, рече Антонио Коста, велејќи дека „не можеме да го игнорираме она што го гледаме на телевизија и го читаме во печатот“.

Антонио Кошта објасни дека високиот претставник на Комисијата е задолжен да го оцени Договорот за асоцијација на ЕУ со Израел, врз основа на член 2, кој предвидува дека двете страни мора да ги почитуваат човековите права. „Извештајот е јасен. Постои систематско кршење на човековите права од страна на Израел во Појасот Газа“, рече тој, додавајќи дека Советот на министри за надворешни работи во јули сега е повикан да донесе одлуки.

Понатаму, Антонио Кошта нагласи дека ЕУ го повикува Израел да прифати итен прекин на огнот, да ја укине блокадата на хуманитарната помош и целосно да ги почитува човековите права во Газа и да го запре нелегалното населување на Западниот Брег.

Антонио Кошта, исто така, рече дека ЕУ треба да започне „искреен дијалог“ со Израел – „за да се излезе од оваа криза и да се промени ситуацијата на терен“. Тој додаде дека Хамас треба веднаш да ги ослободи преостанатите заложници.

„Нашата целокупна стратегија е јасна: за да има вистински мир на Блискиот Исток, од суштинско значење е решението со две држави да стане реалност. Мора да постигнеме напредок во оваа насока“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палестина бара прекинот на огнот да се…

Палестинската самоуправа, со седиште во Рамала, денеска…

Седумдесет лица се убиени во последните израелски…

Вкупно 70 лица беа убиени во израелските…

Велика Британија подготвува санкции против израелските министри…

Велика Британија денес официјално ќе воведе санкции…

Џеј-Ди Венс: Израел не врши геноцид, но…

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс ги отфрли обвинувањата…

Четворица загинати во Газа: Гладни Палестинци упаднаа…

Толпа луѓе упаднаа во магацин на Светската…