Во иста држава живееме? Финансирањето е стабилно, повратот на ДДВ е редовен, вели Кочоска

t

Буџетот е стабилен, домашниот пазар ја покрива ликвидноста, а државата одговорно ги управува средствата на граѓаните, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостувањето во емисијата „Вин-Вин“ на телевизија Телма коментирајќи на прашањата за повратот на ДДВ, ликвидноста, долгот и јавните финансии.

Во врска со коментарите за наводно доцнење на повратот на ДДВ, министерката нагласи дека во системот постои прецизна евиденција и дека не постои системски проблем.

„Компаниите кои имаат право на поврат и уредно ги доставиле документите, не чекаат. Немаме такви случаи во кои сериозни компании со налог од УЈП чекале 6 или 9 месеци. Ако има поединечен случај – ќе го провериме. Но мора да правиме разлика меѓу реална забелешка и произволна генерализација“, рече таа.

Претходно во неколку наврати градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов истакна дека јавните претпријатија во Струмица немаат добиено поврат на ДДВ, а сумите кои треба да ги одбијат се милионски и дополнително би ја подобриле работата на претпријатијата.

– Владата уште не ни го исплаќа повратот на ДДВ, ниту за јавните претпријатија, на пример за ЈП Струмица транспорт каде државата ни должи 69 милиони денари, а станува збор за ново претпријатие и тие средства значат многу, истакна претходно Костадинов кој додаде дека ниту струмичките приватни компании немаат добиено поврат на ДДВ.

– Нели имавме многу ликвиден буџет во државава, нели имаше 100 милиони евра за општините од унгарскиот кредит, еве јавно прашувам колку од тие 100 милиони се реализирани за 2024 година? Колку од тие 250 милиони евра кои се најавувани, за кои и Струмица аплицира со проекти за вториот повик ќе бидат резлизирани во 2025 година? Тој ПР не поминува, луѓето имаат информации, тука се и медиумите кои пренесуваат што е реализирано, што не е, се следат завршни сметки на Влада и слично, вели Костадинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во иста држава живееме? Финансирањето е стабилно,…

Буџетот е стабилен, домашниот пазар ја покрива…

Рускиот министер за финансии: Во Русија нема…

Во Русија нема рецесија, во тек е…

СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…

СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…

Мицкоски изгубен во сопствените лаги – реалноста…

Мицкоски изгубен во сопствените лаги - реалноста…

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата покажува знаци на стабилизација и…

Економијата се стабилизира од пустошот и хаосот…