Објавено на:

Радев со критики кон бугарската Влада: Кој е вашиот национален интерес во однос на Македонија и како се брани?

t

Како одговор на прашање за писмото што го испратил до европските институции и земјите-членки во врска со усвоениот Извештај од страна на Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент за напредокот на Македонијa, шефот на бугарската држава, Румен Радев нагласува дека Бугарија во моментов се третира на начин што бил незамислив за време на техничките влади и кога тој ја претставувал земјата во Европскиот совет.

„Не само што работевме на заштита на националниот интерес на сите нивоа, не само што не дозволивме легитимирање на македонизмот со започнување преговори за членство во ЕУ, туку за прв пат го покренав прашањето пред нашите партнери дека во оваа земја има Бугари и тие имаат права што се газат“, рекол денеска Радев пред бугарските медиуми.

Радев потсетил дека токму тој го покренал прашањето за вклучување на Бугарите во Уставот на Македонија како задолжителен услов за започнување преговори за членство.

„Сега гледаме дека не само што одбраната на националниот интерес од страна на Владата не е на потребното ниво, туку ова го поставува прашањето дали тие се свесни што точно е нашиот национален интерес во однос на Македонија и како се брани“, истакнува шефот на бугарската држава.

Претседателот изразил загриженост дека бугарските политичари и партии не можат да го наметнат нивниот национален интерес во своите политички семејства и сестрински партии.

„Гледаме што се случува дури и во ЕНП и вие веќе извлекувате свои заклучоци за тежината на нашите политичари во нивните европски семејства“, порачува Радев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев со критики кон бугарската Влада: Кој…

Како одговор на прашање за писмото што…

Европскиот совет одобри приклучување на Бугарија кон…

„Европскиот совет го поздравува исполнувањето на критериумите…

Бугарија останува со најниски цени во ЕУ

Во услови на загриженост за очекуваниот шпекулативен…

Жељазков: Европскиот совет строго ќе се придржува…

На почетокот на Европскиот совет, имав средба…

СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…

СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…