Кос доаѓа во Скопје на средба со лидерите од Западен Балкан
Еврокомесарката за проширување, Марта Кос ќе се сретне со лидерите на Западен Балкан во Скопје, во понеделник и вторник следната недела, објави Европската комисија. Целта на состанокот е да се поттикне економскиот раст во регионот.
Се очекува да присуствуваат, покрај премиерот Христијан Мицкоски, и премиерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија, се вели во соопштението. Тие ќе разговараат за забрзување на спроведувањето на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан. Планот нуди придобивки за земјите што се подготвуваат за пристапување во ЕУ. Ќе бидат разгледани прашања поврзани со реформите поврзани со обезбедување европско финансирање, заштита на потрошувачите, туризам и економска интеграција на Западен Балкан на единствениот европски пазар.
Комисијата ќе предложи инвестиции од 87,7 милиони евра во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF). Се очекува ова да привлече речиси половина милијарда евра приватни инвестиции во регионални проекти за чиста енергија.
-Планот за раст на Западен Балкан е вреден 6 милијарди евра и има за цел да ја поттикне економијата и да им помогне на шесте земји да се приклучат кон ЕУ. Планот финансира реформи и инвестиции во енергетиката, транспортот и дигиталната транзиција, објаснуваат од ЕК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судир меѓу полиција и демонстранти на протест…
Протест пред албанскиот Парламент, придружен со судир…
Ужас во Тузла: 15-годишна ученичка со нож…
Во основно училиште во Тузла, утрово 15-годишно…
Од 1.670 евра до над 2.150 евра…
Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…
Водата во Скопје е безбедна за пиење
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…
Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…
Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…