Лавров:Колективниот Запад се обидува да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија
Колективниот Запад се обидува да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија, користејќи го режимот во Киев, но нема да успее, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на средбата со киргистанскиот министер за надворешни работи Женбек Кулубаев.
„Сведоци сме на невидена конфронтација меѓу нашата земја и колективниот Запад, кој повторно одлучи да води војна против нас и да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија, во суштина користејќи го нацистичкиот режим во Киев како овен за удар.
Западот никогаш не успеал во ова и нема да успее ниту овој пат“, рече Лавров. Според него, Западот веројатно почнува да се сомнева во ова. Со оглед на моменталната меѓународна ситуација, рускиот министер ја нагласи посебната важност на блиските врски со Киргистан во сите области.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
Киев продира стотици километри во руската територија,…
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…