Белград: „Тука сме“ – Студентите во блокада за оваа вечер повикаа на голем митинг пред Вишото јавно обвинителство
Студентите во блокада ги поканија граѓаните на голем митинг вечерва во 20 часот, пред Вишото јавно обвинителство во Белград, јавува.
„Тука сме“, напишаа студентите во блокада на официјалниот профил на Инстаграм и ги поканија граѓаните да дојдат на улицата Савска во 20 часот.
„Вчера бевме сведоци на брутално полициско насилство. Нашите пријатели и другари беа претепани до бесвест, полицијата не пропушти ниту брза помош. Голем број граѓани беа уапсени, меѓу кои и многу студенти. Денес имаме протест пред Вишото јавно обвинителство во 20 часот и ги молиме сите граѓани да останат и да ја поддржат борбата до крај. Ова не е време за повлекување. Вашето присуство значи безбедност, поддршка, шанса некој да добие слобода. Затоа ве покануваме да останете со нас! Се гледаме на Савска 17а во 20 часот“, напишаа студентите.
Вчера на Славија се одржа голем протест на студенти и граѓани. По завршувањето на протестот, се случи судир меѓу полицијата и граѓаните. Голем број граѓани беа повредени, како и приведени по инцидентите што се случија.
Акциите за апсење на студенти сè уште се спроведуваат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белград: „Тука сме“ – Студентите во блокада…
Студентите во блокада ги поканија граѓаните на…
Јаневска: Ако сакате добра оценка, мора да…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска…
Два, од трите ,,ер трактори”, се уште…
Пожарите почнаа да беснеат во регионот, денеска…
Јанчев: Кожуф е наш дом, нема да…
Емотивна реакција од пратеникот на Левица, Сашко…
Пожар кај селото Јосифово, побарана воздухопловна поддршка
Пожар денеска избувнал во атарот на валандовското…