Кумановец украл над 550 таблети и телефони додека бил на викенд од затвор
Триесет и седумгодишен кумановец се сомничи дека извршил две кривични дела додека бил пуштен на викенд од затвор.
– На 28.06.2025 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ф.(37) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ и „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, кај лицето биле пронајдени над 550 таблети, мобилни телефони и други предмети од кражба.
– Потоа е утврдено дека М.Ф. е осуденик од Казнено поправната установа Идризово, кој бил пуштен на викенд отсуство. При преглед кај него се пронајдени и одземени 551 таблети, мобилни телефони и други предмети кои се предмет на кривични дела „тешка кражба“ и „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, додаваат од полицијата.
По целосно документирање на случајот, како што велат од полицијата, ќе следува соодветен поднесок, а М.Ф. бил спроведен до КПУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вулин ќе се кандидира за претседател на…
Основачот на Социјалистичкото движење, Александар Вулин ја…
Затнат одвод во тоалет во студентскиот дом…
Екипи на ЈП „Водовод и канализација“ –…
Што е пневмонична чума и како се…
Пневмоничната чума е една од најтешките форми…
ОЈО ГОКК со нови детали: Претреси во…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за…
ВАШИНГТОН ПОГРЕШНО ГО ПРОЦЕНИЛ ПРОБЛЕМОТ СО ХУТИТЕ“:…
Washington Post објави детална реконструкција на жестоките…