Три автобуси и едно комбе опожарени во кочанската населба Оризари
Tри автобуси и едно комбе на приватна фирма утрово изгореа во кочанската населба Оризари. Пожарот на плацот, каде што биле паркирани, е пријавен рано утринава во 2:30 часот, информираат од Секторот за внатрешни работи-Штип.
-Денеска во 02:30 часот во СВР Штип е пријавено дека кај бензинска пумпа во населбата Оризари, кочанско, се опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма. Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица–Кочани, се вели во соопштението од СВР-Штип.
Се посочува дека нема повредени лица. Се очекува во текот на денот да биде извршен увид од увидна екипа од ОВР Кочани
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Три автобуси и едно комбе опожарени во…
Tри автобуси и едно комбе на приватна…
Туфегџиќ : Ќе се бара одговорност од…
Адвокатот Владимир Туфегџиќ во емисијата „Аргумент плус“…
Петровска: „Гордата дипломатија“ на ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл…
ВМРО-ДПМНЕ треба да се запраша што правеше…
Апасиев: Овој треба да е во притвор…
Наместо да биде во притвор за трагедијата…
Лишен од слобода мотоциклистот кој усмрти пешак…
Во СВР Скопје вчера е пријавено дека…