Хаосот во Белград се уште трае – еве што се случува таму во моментов
Поголемиот дел од сообраќајните блокади низ Белград и другите градови во Србија беа отстранети во текот на ноќта, но утрово повторно се поставени нови барикади. Според најавите, нивниот број ќе продолжи да расте во текот на денот.
Студентите, кои се во центарот на протестите, упатија повик до сите граѓани за масовен прекин на работа, барајќи итно распишување вонредни парламентарни избори, растурање на собирот во Пионирски парк и ослободување на уапсените студенти.
Осуммина студенти, осомничени за кривични дела против уставниот поредок, вчера беа пуштени да се бранат од слобода. Вишото јавно обвинителство во Белград најави дека ќе поднесе жалба против таа одлука.
Според Nova.rs, околу 6:15 часот утринава имало обид за пробивање на студентската блокада на раскрсницата меѓу Булевар Крал Александра и улицата Белградска. Блокадата, составена од контејнери и метални огради, била одбиена од присутните студенти.
„Режимот пука по рабовите, а нелегитимната власт предводена од Александар Вучиќ се разоткри преку репресија и полициска бруталност“, порачаа организаторите.
Во меѓувреме, Професионалното здружение на полицијата „Д-р Родолф Арчибалд Рајс“ му испрати отворено писмо на министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, во кое изразува загриженост за употребата на т.н. „фантоми“ во граѓанските блокади. Здружението предупредува дека ваквата практика ја поткопува довербата во институциите и создава впечаток на нетранспарентност.
Протестите, кои започнаа како реакција на изборниот процес и полициското постапување, сè повеќе се трансформираат во општествено движење со јасни политички барања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаосот во Белград се уште трае –…
Поголемиот дел од сообраќајните блокади низ Белград…
Рама: Никогаш не сме биле поблиску до…
Албанскиот премиер Еди Рама, од Скопје каде…
Вeнс: Ерата на американската доминација во светот…
„Американските лидери по Студената војна претпоставуваа дека…
Рама и Ахмети си направија „да пукне“:…
Во еден скопски хотел, во рамките на…
Три автобуси и едно комбе опожарени во…
Tри автобуси и едно комбе на приватна…